Путин: Во 2018 е остварен раст од 15 отсто во обемот на трговијата помеѓу Турција и Русија

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека мината година е остварен раст од 15 отсто во обемот на билатералната трговија помеѓу Турција и Русија

1227132
Путин: Во 2018 е остварен раст од 15 отсто во обемот на трговијата помеѓу Турција и Русија

Рускиот претседател Владимир Путин во дадената изјава пред средбата со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во јапонскиот град Осака каде што престојуваат по повод лидерскиот самит на Г-20, истакна дека помеѓу двете земји продолжуваат обострани енергетски проекти од голем обем. 

Путин рече дека минатата (2018) година е остварен раст од 15 отсто во обемот на билатералната трговија помеѓу Турција и Русија.

"Станува збор за обострани сериозни инвестирања од приближно 10 милијарди долари и од двете страни. Како додаток на тоа продолжуваат работите на заедничката инвестициска платформа од околу 900 милиони евра." - порача Путин. 

Укажувајќи на тоа дека во сериозна мера расте и туризмот помеѓу Турција и Русија, рускиот претседател Владимир Путин рече: "Минатата година Турција ја посетија 6 милиони руски туристи. Тоа претставува рекорд. Нашите туристи во Турција трошат доста пари. Приходите на турската страна од тоа изнесуваат вкупно приближно 5 милијарди долари. Продолжува взаемната руско-турска година на културата и туризмот. Посакуваме оваа година да стане повод за нови успеси. Уште еднаш би сакал да го истакнам тоа дека сум многу радосен од тоа што ве видов (претседателот Ердоган)."



Слични вести