Заедничко соопштение на 6 земји членки на ЕУ во врска со Иран

ИНСТЕКС претставува најзначајна иницијатива која обезбедува водење трговија со Иран

1226940
Заедничко соопштение на 6 земји членки на ЕУ во врска со Иран

Шпанија, Австрија, Белгија, Холандија, Шведска и Словенија соопштија дека зачувувањето на Заедничкиот сеопфатен акционен план со Иран кој беше потпишан со Иран има големо значење.

6-те наведени земји  членки на ЕУ објавија заедничко писмено соопштение во врска со потребата за зачувување на Заедничкиот сеопфатен акционен план кој беше потпишан со Иран и кој едногласно беше усвоен од страна на СБ на ОН, а кој има одлучувачки карактер во зачувувањето  на стабилноста во регионот.

Во соопштението се истакнува дека се свесни за тешкотиите за спроведување на економскиот дел на договорот, поради што Германија, Франција, Британија, Сервисот за надворешни акции на Европа и Европската комисија заедно соработуваат за олеснување на каналите за водење легитимна трговија и стабилизирање на финансиските активности.

6-те европски земји посочија на значењето на формирањето на постоечкиот механизам ИНСТЕКС (Специјален трговски механизам меѓу Германија, Франција и Британија за одбивање на американските санкции врз Иран) претставува најзначајна иницијатива која обезбедува водење трговија со Иран и во тој контекст големо значење има почитувањето на Иран на одредбите на нуклеарниот договор и предвидувањата.



Слични вести