Првиот „авион од соништата“ Дримлајнер на Туркиш Ерлајнс пристигна во Истанбул

Патничкиот авион Боинг 787-9 Дримлајнер кој што полета од Соединетите Американски Држави (САД), вчера слета на Истанбулскиот аеродром (Istanbul Airport)

1226073
Првиот „авион од соништата“ Дримлајнер на Туркиш Ерлајнс пристигна во Истанбул

Пристигна во Истанбул „авионот од соништата“ првиот џиновски патнички авион Боинг 787-9 Дримлајнер на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс).

Патничкиот авион Боинг 787-9 Дримлајнер кој што полета од Соединетите Американски Држави (САД), вчера слета на Истанбулскиот аеродром (Istanbul Airport).

„Авионот од соништата“ беше пречекан од страна на генералниот директор на Туркиш Ерлајнс Билал Екши и други функционери.

Во говорот што го одржа во оваа пригода генералниот директор на Туркиш Ерлајнс Билал Екши истакна дека патниците ќе можат да патуваат за долги растојанија без притоа да почувствуваат било каква измореност.

Кабината на авионот со капацитет за 300 патници е специјално дизајнирана.

Боинг 787-9 Дримлајнер како прв авион на Туркиш Ерлајнс заедно со своите способности како што се специјален простор на конфор, филтрирање на светлината, подобар притисок на воздухот и создавање на поголема влага, ќе им помогне на патниците да чувствуваат помалку сув воздух и ќе обезбеди можност за намалување на нивниот замор од патувањето.

Авионот со дострел од 14.140 километри исто така троши за 20 отсто помалку гориво во споредба со другите авиони од иста големина, а исто така може да носи и поголем карго товар.

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) порача 30 патнички авиони од типот Боинг 787-9 Дримлајнер (авион од соништата) и 6 од нив ќе бидат примени во текот на оваа (2019) година.

Во меѓувреме, за именување на својот прв патнички авион од типот Боинг 787-9 Дримлајнер, Туркиш Ерлајнс на својата сметка на социјалната мрежа Твитер организира и анкета за патниците.

Според резултатите од оваа анкета, на авионот му е дадено името „Мачка“, името на населеното место во близина на градот Трабзон каде што во 2017 година беше убиено од  страна на терористите, припадници на терористичката организација ПКК, 15-годишното момче Ерен Булбул.

Првиот патнички авион на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс), Боинг 787-9 Дримлајнер својот прв лет ќе го оствари од Истанбул за градот Трабзон.

Првиот лет на далечна дестинација пак, ќе биде остварен кон крајот на јули за Бали-Индонезија, а потоа ќе лета за Канкун-Мексико.

 



Слични вести