Реализирана првата голема испорака на течен природен гас од „Катаргас“ на Турција

Tанкерот по име Ал-Шеханија од видот Q-Flex со капацитет од 210 илјади кубни метри течен природен гас, на 30 мај отпловил од катарското пристаниште Рас Лафан кон турскиот терминал за течен природен гас LNG „Мармара“

1224414
Реализирана првата голема испорака на течен природен гас од „Катаргас“ на Турција

„Катаргас“ со танкерот од видот Q-Flex, кој инаку е едниот од најголемите бродови-танкери за превезување на течен природен гас (LNG) во светот, ја реализира првата голема испорака на LNG на Турција од 207 илјади кубни метри.

Според објавеното соопштение од компанијата, танкерот по име Ал-Шеханија од видот Q-Flex со капацитет за пренесување на 210 илјади кубни метри течен природен гас, на 30 мај отпловил од катарското пристаниште Рас Лафан кон турскиот терминал за течен природен гас (LNG) „Мармара“ .

Во соопштението им се одделува место на изјавите на генералниот директор на „Катаргас“ Халид бин Халифа Ал Тани кој рече:

„Растечкиот капацитет на терминалот Мармара LNG во последно време, обезбедува можност Катаргас да ги испраќа во Турција најголемите бродови-танкери за LNG во светот. Катаргас со своите 14 LNG танкери и капацитет на производство од 77 милиони тони природен гас годишно, има за цел да одговори на растечката побарувачка за доверлив течен природен гас LNG.“

Инаку, терминалот за течен природен гас LNG „Мармара“ кој што најпрвин беше изграден за да може да пречекува бродови од конвенционална големина, со направените подобрувања потоа во последно време се стекна со капацитет да пречекува и џиновски бродови-танкери за течен природен гас (LNG) од видот Q-Flex и Q-Max.



Слични вести