Турскиот мед се извезува во 41 земја во светот

Германија, САД и Саудиска Арабија се првите три земји на списокот во кои беше остварен најголем извоз на мед

1224158
Турскиот мед се извезува во 41 земја во светот

Приходите од извозот на турскиот мед во 41 земја во првите 5 месеци на годинава достигнаа 10 милиони 456 илјади 342 долари. Германија, САД и Саудиска Арабија се првите три земји на списокот во кои беше остварен најголем извоз на мед.

Во периодот од јануари заклучно со мај, турскиот мед беше извезе во 41 земја, меѓу кои Германија, САД и Саудиска Арабија се најдоа на првите три места.

Според податоците на Унијата на извозниците од Источната Црноморска област, Турција во првите пет месеци на година оствари извоз од 2 445 тони мед во 41 земја. За возврат на извезениот мед Турција се стекна со приходи од 10 милиони 456 илјади 342 долари.

Гледано од аспект на уделот на земјите во кои беше постигнато најмногу извоз на мед, Германија со 2 милиони 918 илјади 198 долари се најоша на првото место на списокот, САД со 2 милиони 20 илјади 583 долари на второ место, додека Саудиска Арабија со 1 милион 597 илјади 189 долари на трето место.

Во овој период во споредба со лани Турција оствари извоз на мед во и во Кина, Јапонија, Бугарија, Шведска, Босна и Херцеговина, Малезија, Грција, Сомалија, Монголија, Авганистан и Мароко, во кои земји лани не извезуваше.



Слични вести