Централната банка на Јапонија не ја промени монетарната политика

И покрај влијанието на кое е изложена земјата од застојот во извозот и производството на другите земји во светот, јапонската економија продолжува да бележи умерен развој од приходите до трошоците

1221910
Централната банка на Јапонија не ја промени монетарната политика

Централната банка на Јапонија (BoJ) не ги промени политиките на каматната стапка и Монетарното проширување со контролирана крива на приходи, поради што во содржината на текстот на одлуката беа задржани старите изрази и го продолжи досегашното насочување.

Објавени одлуките кои беа усвоени на состаноците на Централната банка на Јапонија (BoJ) кои започнаа вчера и завршија денес.

Според усвоените одлуки, Јапонија нема да ја промени политиката на каматната стапка која ја остави на минус 0,1, а исто така продолжува со константно одржување на годишната програма за пораст на монетарната основа од 80 трилиони јени. Одлуката беше усвоена со 7 гласа за, додека 2 против. Гоуши Катаока и Јутака Харада беа двајцата економист на банката кои гласаа против.

Големо внимание во текстот на усвоената одлука на банката привлекоа изразите кои беа употребени, така што беше утврдено дека нема никакви промени во вербалното насочување.

Во одлуката беше подвлечено дека и покрај влијанието на кое е изложена земјата од застојот во извозот и производството на другите земји во светот, јапонската економија продолжува да бележи умерен развој од приходите до трошоците.

Во текстот на усвоената одлука на банката се истакнува дека бидејќи голема е веројатноста да продолжи умерениот развој на јапонската економија, се очекува нагорен тренд на домашна побарувачка.



Слични вести