Бројот на продадени станови на странци во Турција во мај со раст од 62,5 отсто се зголеми на 3.925

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) соопшти дека бројот на продадени станови на странски државјани во Турција во месец мај (2019) во споредба со истиот месец минатата (2018) година со раст од 62.5 отсто се зголеми на 3.925

1219677
Бројот на продадени станови на странци во Турција во мај со раст од 62,5 отсто се зголеми на 3.925

Бројот на продадени станови на странски државјани во Турција во месец мај (2019) во споредба со истиот месец минатата (2018) година со раст од 62.5 отсто се зголеми на 3.925.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти статистичките податоци во врска со бројот на продадени станови во месец мај оваа година.

Според тоа, на чело на продадени станови на странци според градови на прво се наоѓа Истанбул со продадени 1.734 станови, на второ место е Анталија со 850, трета е Анкара со 216, четврта Бурса со 187, а на петтото место се наоѓа Јалова со продадени 136 станови. 

Во месец мај 2019 година во Турција купија станови 594 ирачки државјани, 509 ирански, 285 руски, 183 авганистански и 157 саудиски државјани.



Слични вести