Руските туристи и ова лето ја избираат за одмор Турција

Оваа година со раст од 10-15 отсто во споредба со 2018 година, се очекува Турција да ја посетат над 5 милиони руски туристи

1216773
Руските туристи и ова лето ја избираат за одмор Турција

Турција и ова лето ќе стане место за одмор број еден за руските туристи. 

Во објавеното соопштение од Унијата на Тур операторите на Русија (АТОР) се истакнува дека изборот на руските граѓани за летната сезона 2019 повторно е Турција.

Во соопштението се укажува на тоа дека исто како и во 2018 година и оваа година Турција ќе биде најизбирана дестинации за одмор во летната сезона за руските граѓани, а воедно се вели дека во летната сезона оваа година во споредба со 2018 побарувачката кај руските туристи кон Турција е зголемена за 10-15 отсто.

Надлежни на секторот наведуваат дека Турција со нејзината клима, погодните цени и високиот квалитет на услуга претставува попривлечна дестинација за одмор од нејзините конкуренти.

Според податоците на градската дирекција за култура и туризам на Анталија, во првите 5 месеци од оваа (2019) година во споредба со истиот период лани (2018) со раст од околу 20 отсто Анталија ја посетија 1 милион 249 илјади 757 руски туристи.

Надлежни очекуваат оваа година Турција да ја посетат над 6 милиони руски туристи.



Слични вести