Министрите Рухсар Пекџан и Мустафа Варанк во посета на Јапонија

На заедничката седница на министрите за трговија и дигитална економија со препораките за политика на Б-20 до владите на земјите од Г-20 ќе се одржат дискусии под наслов „Врската помеѓу трговијата и дигиталната економија“

Министрите Рухсар Пекџан и Мустафа Варанк во посета на Јапонија

Министерката за трговија Рухсар Пекџан и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк ќе учествуваат на состанокот на министрите за трговија и дигитална економија на земјите од Г-20 што ќе се одржи на 8 и 9 јуни во Јапонија.

На заедничката седница на министрите за трговија и дигитална економија со препораките за политика на Б-20 до владите на земјите од Г-20 ќе се одржат дискусии под наслов „Врската помеѓу трговијата и дигиталната економија“.

На состанокот на министрите за трговија на Г-20 на кој што ќе учествува министерката за трговија Рухсар Пекџан ќе бидат поставени на маса прашања како што се „Г-20 дијалог за актуелните случувања во меѓународната трговија“, „Поддршка на трговијата и инвестирањето кои што ќе придонесат за одржливиот и инклузивен раст“, „Создавање на силна работна средина која ќе ги поддржува одлуките за инвестирање на основа на берза“ и „Последни случувања во реформата на Светската трговска организација (СТО) и билатералните и регионалните трговски договори“.

Освен панелите, меѓу значајните точки на дневниот ред на состанокот се наоѓаат и билатералните средби.

Во тие рамки, министерката за трговија Рухсар Пекџан се планира да оствари билатерална средба со канадскиот министер за разноликување на меѓународната трговија Џим Кер и на оваа средба да се потпише основачкиот договор за „Заеднички комитет за трговија и економска соработка“.

Минисерката за трговија Рухсар Пекџан и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк се предвидува да остварат билатерална средба и со министерот за економија, трговија и индустрија на Јапонија Хирошиге Секо.

Освен тоа министерот Варанк се очекува да се состане и со германскиот министер за економија и енергија Петер Алтмаер.

Од друга страна, на состанокот на министрите одговорни за дигитална економија на која ќе учествува и министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк ќе бидат разгледани прашања како што се „Безбеден проток на знаењето и податоците“, „Иновации во управувањето“, „Вештачка интелигенција во чиј центар ќе стои човекот“, „Целите за развој и инклузивност на ОН во контекст на дигитализацијата“ и „Дигитална безбедност“.

Со декларацијата која што ќе биде усвоена на крајот на состанокот министрите на земјите од Г-20 ќе ги презентираат на земјите членки своите препораки за политика и визии.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк на состанокот ќе говори за дититалните отскоци на Турција и проектите насочени кон иднината со политиката и поддршките во оваа сфера.

Освен тоа, министерот Варанк се очекува да оствари значајни посети и билатерални средби во Тсукуба, едниот од научно истражувачките центри на Јапонија. 

Во меѓувреме, на 28 и 29 јуни во јапонскиот град Осака ќе се состанат и лидерите и министрите на земјите од групата Г-20, составена од 20 индустриски најразвиени земји во светот и држави со забрзан економски развој.

На самитот на Г-20 на кој се очекува да учествува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ќе бидат поставени на маса погледите во правец на решавање на прашањата со кои што се соочува меѓународната заедница.



Слични вести