Џиновски брод за крстарење се укотви во пристаништето Сарајбурну во Истанбул

Џиновскиот луксузен брод за крстарење со претежно италијански и грчки туристи наутро во 08:30 часот по локално време пристигна на пристаништето Сарајбурну во Истаснбул

1214374
Џиновски брод за крстарење се укотви во пристаништето Сарајбурну во Истанбул

Во Истанбул по поминати 4 години пристигна првиот брод за крстарење (крузер).

Џиновскиот луксузен брод за крстарење со претежно италијански и грчки туристи наутро во 08:30 часот по локално време пристигна на пристаништето Сарајбурну.

Бродот за крстарење по име „Regent Seven Seas Vogayer“ долг 206 метри и со 10 спрата  со своите 750 патници се укотви во пристаништето Сарајбурну каде што беше пречекан со воен оркестар Мехтер.

Овој џиновски брод за крстарење располага со базен, центар за сценски настапи, спортска сала и салон за убавина и како што се дознава утре ќе отплови за познатото туристичко одморалиште Кушадаси.



Слични вести