Турција со раст во извозот и пад во увозот во април 2019 година

Извозот на Турција во април оваа година во споредба со истиот месец минатата година со раст од 4,6 отсто се зголеми на 14 милијарди 480 милиони долари, додека увозот во истиот месец се пад од 55,6 отсто се намали на 2 милијарди 982 милиони долари

1211845
Турција со раст во извозот и пад во увозот во април 2019 година

Извозот на Турција во месец април оваа (2019) година, во споредба со истиот месец минатата (2018) година со раст од 4,6 отсто се зголеми на 14 милијарди 480 милиони долари.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) и Министерството за трговија ги соопштија привремените статистички податоци за надворешната трговија во месец април оваа (2019) година.

Според тоа, извозот на Турција во месец април оваа (2019) година, во споредба со истиот месец минатата (2018) година со раст од 4,6 отсто изнесува 14 милијарди 480 милиони долари.

Во месец април е забележан и пад од 55,6 отсто во надворешниот трговски дефицит кој што е намален на 2 милијарди 982 милиони долари.

Процентот на соодносот помеѓу увозот и извозот, во месец април минатата (2018) година изнесуваше 67,4 отсто, додека истиот месец (април) оваа (2019) година се зголеми на 82,9 отсто.

Германија со 1 милијарда 243 милиони долари во април стана земја во која е остварен најголем извоз.

По оваа земја, според остварениот извоз втор е Обединетото Кралство до 819 милиони долари, трета е Италија со 777 милиони долари, а четврт Ирак со остварен извоз од 754 милиони долари.



Слични вести