Турција за 5 месеци во 2019 година од извозот на домати во 57 земји заработи 163 милиони долари

Во првите 5 месеци од годинава од Турција е остварен извоз на домати во 57 земји во износ од 163 милиони долари

1211141
Турција за 5 месеци во 2019 година од извозот на домати во 57 земји заработи 163 милиони долари

Турција во првите 5 месеци од оваа (2019) година оствари извоз на домати во износ од 163 милиони долари.

Поголемиот дел од доматите се од оранжериско производство кое се врши во Средоземноморската и Егејската област.

Членот на Управниот одбор на Собранието на извозниците на Турција и претседател на Унијата на извозници од западносредоземноморската област Хакки Бахар истакна дека заклучно 27 мај од Турција е остварен извоз на домати во 57 земји во износ од 163 милиони долари.

Велејќи дека минатата (2018) година за Русија е остварен извоз на домати во износ од 31 милион долари, Хакки Бахар додаде дека по Русија каде е остварен најголем извоз следат Романија со извоз од 22,5 милиони долари, Украина 18,6 милиони долари, Бугарија 11,8 милиони долари и Израел со 8,4 милиони долари.



Слични вести