Трговската размена помеѓу Турција и Казахстан со раст од 50 отсто се искачи на 632 милиони долари

Казахстанскиот министер за надворешни работи Бејбут Атамкулов истакна дека во првиот квартал од оваа година трговскиот обем помеѓу Казахстан и Турција во споредба со истиот период минатата година оствари раст од 50 отсто и достигна до 632 милиони долари

1207449
Трговската размена помеѓу Турција и Казахстан со раст од 50 отсто се искачи на 632 милиони долари

Казахстанскиот министер за надворешни работи Бејбут Атамкулов по 5. состанок на Групата за заендичко стратешко планирање на Турција и Казахстан што се одржа во главниот град Нур-Султан одржа заедничка прес конференција со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушголу.

Атамкулов истакна дека во првиот квартал од оваа година трговскиот обем помеѓу Казахстан и Турција во споредба со истиот период минатата година оствари раст од 50 отсто и достигна до 632 милиони долари.

Велејќи дека оваа година се слави 10. годишнина од воспоставувањето на стратешките партнерски односи помеѓу двете земји, Атамкулов напомена дека на 5. состанок на Групата за заедничко стратешко планирање беа разгледани сите сфери во билатералните односи помеѓу двете земји.

„Клучна точка е целта определена од нашите претседатели за зголемување на обемот на билатералната трговија на 5 милијарди долари. Во првиот квартал од оваа година е остварена висока брзина на раст во взаемната трговија која достигна до 632 милиони долари. Во споредба со истиот период минатата година забележуваме раст од над 50 отсто. Освен тоа, во различни сектори во Казахстан делуваат над 2.200 фирми со турски капитал.“ - рече казахстанскиот министер за надворешни работи Бејбут Атамкулов.

Тој истакна дека на одржаниот состанок стана збор и за прашањето на транспортот и дека Казахстан го разви интерконтиненталниот транспорт помеѓу Европа и Азија.

Атамкулов рече: „Казахстан го модернизира пристаништето Актау и го прошири неговиот потенцијал. Ги поканивме турските инвеститори активно да учествуваат во транспортот и логистичкиот развој на пристаништето Актау.“

Министерот Бејбут Атамкулов привлече внимание дека заедничката фирма „Kazakistan Aselsan Engineering“ формирана во 2013 година се наоѓа меѓу примерите на соработката помеѓу двете змеји во воената сфера и додаде дека моментално оваа фирма започна со извоз на воени и цивилни производи за Турција.



Слични вести