Турција оваа година од извозот на лимони заработи 267 милиони долари

Турција оваа година оствари извоз на 563 илјади 703 тони лимони од што заработи приходи во износ од 266 милиони 959 илјади долари

Турција оваа година од извозот на лимони заработи 267 милиони долари

Извозот на лимони на Турција оваа година во споредба со минатата година со раст од 15 отсто се зголеми на 563 илјади 703 тони.

На тој начин Турција од извозот на лимони оваа година заработи приходи во износ од 266 милиони 959 илјади долари.

Кога ќе се погледне кон распределбата на извозот според земји, на прво место се наоѓаат Русија и Ирак со по 142 илјади тони лимони.

По овие две земји следуваат Украина со 53 илјади тони, Саудиска Арабија со 38 илјади тони и Романија 27 илјади тони.

Претседателот на Управниот одбор на Националниот совет за јужно овошје Кемал Качмаз во врска со прашањето истакна дека е остварен раст и во извозот за Европа и рече: „Следната сезона сакаме да се отвориме кон далечните земји, на чело со Народна Република Кина. Нашите работи во врска со тоа продолжуваат. Потребните работи ги реализираат и нашите министерства. Се водат разговори помеѓу земјите.“



Слични вести