Соборен рекорд на руската берза

Московската берза првпат во историјата се зголеми на 2600 поени

Соборен рекорд на руската берза

Индексот на Московската берза во Русија во првата половина на денот се искачи на 2600 поени и го достигна највисокото ниво во историјата.

По објавувањето на соопштението од страна на американското министерство за трговија за прекинување на некои трговски ограничувања врз компанијата Хуавеи на период од 90 дена и движењето на цената на еден барел нафта околу 72 долари предизвика индексот на Московската берза во првата половина на денот да се зголеми за 1,1 отсто.

Московската берза првпат во историјата се зголеми на 2600 поени и на тој начин собори рекорд. Индексот РТС со раст од 0,8 отсто се зголеми на 1,267 поени.

Истовремено беше забележан раст на вредноста на акциите на руските компании за нафта и природен гас. Во првата половина на денот вредноста на акциите на компанијата Газпром се зголеми за 2,5, на Татнефт за 2, на Лукоил за 2,1 и Новатек за 1,6 отсто.

Аналитичарите истакнуваат дека покрај високата цена на нафтата во светот како и стабилниот период низ кој поминува Русија и покрај надворешните притисоци, одиграа значајна улога во подемот на индексот на берзата.



Слични вести