Процентот на пополнетост на сините патувања во Егејското Море достигна до 100 посто
Поради празникот Рамазан Бајрам кој што наближува речиси е невозможно да се најде место за сините патувања по рајските заливи кои претставуваат чудо на природата и кои ги содржат сите тонови на зелената и сината боја

Процентот на пополнетост на сините патувања во Егејското Море, срцето на сините патувања (крстарењата по морето), достигна до 100 посто.
Поради празникот Рамазан Бајрам кој што наближува речиси е невозможно да се најде место за сините патувања по рајските заливи кои претставуваат чудо на природата и кои ги содржат сите тонови на зелената и сината боја.
Во сините патувања освен моторните јахти и бродовите со кои се носат посетителите на сино патување, се користат и гулети, а тоа се вид бродови кои што се оценуваат и како пловечки дрвени дворци.
Специјалните чамци од кои повеќето гулети кои што во себе содржат секој вид луксуз, исто така можат да нудат и дополнителни услуги кои што ги бараат гостите.
Сините патувања кои што почнуваат од туристичките одморалишта, населените места Бодрум, Мармарис и Фетхије кај градот Мугла, обезбедуваат сериозна економска вредност, т.ј. економски приходи за Турција.
Гулетите кои се користат во овие сини патувања, т.ј. крстарења по морето, се дефинираат како пловечки дрвени дворци.
Со текот на времето расте заинтересираноста и кај странските туристи кон сините патувања.
Слични вести

Извозот на зачини на Турција се зголеми на 200 милиони долари
САД го зазедоа првото место во извозот на зачини со 29.743.000 долари.