Турција за 4 месеци во 2019 г. оствари извоз на зеленчук и овошје во износ од 157 милиони долари

За 4 месеци во 2019 година е остварен извоз на свеж зеленчук и овошје од западносредоземноморската област на Турција во износ од 157 милиони долари

1204811
Турција за 4 месеци во 2019 г. оствари извоз на зеленчук и овошје во износ од 157 милиони долари

Од западносредоземноморската област на Турција во првите 4 месеци од оваа година е реализиран извоз на свеж зеленчук и овошје во 141 земја во светот и се обезбедени приходи во износ од 157 милиони долари.

Според податоците на Унијата на извозниците од западносредоземноморската област, делот од 130 милиони од остварениот вкупен извоз од 157 милиони долари се состои од свеж зеленчук.

Во остварениот извоз на прво место се наоѓаат доматите со 61 милион 547 илјади долари, на второ место се пиперките со 43 милиони долари, а на трето место краставиците-корнишони со 10 милиони долари.

На чело на земјите пак, во кои е реализиран извоз се наоѓаат Русија и Германија.

Во Русија е извезено свеж зеленчук и овошје во износ од 23 милиони 460 илјади долари, а во Германија 23 милиони 435 илјади долари.

Во Романија е извезено свеж зеленчук и овошје во износ од 22 милиони долари, а во Бугарија и Украина од по 15 милиони долари .



Слични вести