Анталија, најомилена дестинација за одмор за британските туристи

Чилкот истакна дека бројот на Британците кои ја посетија Турција во 2018 година изнесуваше 2,25 милиони и најави дека оваа година се очекува да дојдат приближно 3 милиони британски туристи од кои повеќето во Анталија

1203746
Анталија, најомилена дестинација за одмор за британските туристи

Амбасадорот на Велика Британија во Анкара Доминик Чилкот изјави за Новинската агенција Анадолија „АА“ (Аnadolu Agency) дека оваа година се очекува на одмор во Турција да дојдат приближно 3 милиони британски туристи од кои повеќето во познатиот туристички центар на брегот на Средоземното Море, Анталија.

Амбасадорот Чилкот потсети дека бројот на граѓаните на Велика Британија кои ја посетија Турција минатата (2018) година изнесуваше 2,25 милиони лица и рече: „Тоа значи раст од 36 отсто споредено со претходната година. Оваа година мислиме дека бројот на туристите кои од Велика Британија ќе дојдат во Турција ќе изнесува приближно 3 милиони лица. Поголемиот дел од минатогодишниот раст беше во подрачјето на Анталија. И сега веројатно ќе биде Анталија. Би можеле да кажеме дека граѓаните на Велика Британија наново ја откриваат Анталија.“

Појаснувајќи дека според податоците споделени од страна на валијата на Анталија во првите 4 месеци од оваа (2019) година постои раст од 48 отсто, британскиот амбасадор во Анкара Чилкот рече: „Буди задоволство тоа што престолнината на турскиот туризам Анталија, напредува на патот за да стане престолнина на туризмот и во Европа.“

Британскиот амбасадор Доминик Чилкот потенцираше дека Анталија е многу убав град и дека овдешниот туристички потенцијал повеќе се избира за мирен и спокоен одмор.

„И јас сакам да го искористам тоа.“ - рече амбасадорот Чилкот. 

 

 



Слични вести