Раст на инфлационата стапка во Еврозоната

Годишната стапка на инфлација во април во Еврозоната се зголеми за 1,7 отсто

1203303
Раст на инфлационата стапка во Еврозоната

Европската агенција за статистика (ЕУРОСТАТ) ги објави податоците за годишната стапка на инфлација за месец април во ЕУ и Еврозоната.

Според тоа, стапката на инфлација во март во Еврозоната изнесуваше 1,4 отсто, во април се зголеми на 1,7 отсто.

Стапката на инфлација во март во ЕУ изнесуваше 1,6 додека во април се зголеми на 1,9 отсто.

Најголема инфлациона стапка меѓу земјите членки на ЕУ во април беше забележана во Романија и тоа 4,4 отсто, додека веднаш по Романија со 3,9 отсто се наоѓа Унгарија, а со 3,3 отсто Летонија.

Најниска стапка на инфлација меѓу земјите членки на ЕУ беше забележана во Хрватска и тоа 0,8 отсто, во Данска  и во Португалија 0,9.

Стапката на инфлација во Германија изнесува 2,1 отсто, во Франција 1,5 во Италија 1,1.

Во меѓувреме, Европската централна банка која е одговорна за монетарните политики на еврозоната, со цел да се постигне ценовна стабилност во регионот цели кон стапка на инфлација од под 2 или околу 2 отсто.



Слични вести