Во април е остварен раст во бројот на странските посетители во Турција за 24 отсто

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој истакна дека бројот на странските туристи кои ја посетија Турција минатиот месец (април) е зголемен за 24 отсто

1201689
Во април е остварен раст во бројот на странските посетители во Турција за 24 отсто

Според објавеното писмено соопштение од Министерството за култура и туризам, министерот Мехмет Нури Ерсој ги сподели информациите во врска со туристичките податоци за месец април.

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој истакна дека бројот на странските туристи кои ја посетија Турција минатиот месец (април) е зголемен за 24 отсто.

Ерсој нагласи дека најголем број посетители со процент од 48 отсто се дојдени од Германија.

„Турција растот што го долови во споредба со истиот месец минатата година го продолжува со порастот во бројот на потсетителите од Русија и Англија. По Германците кои ја посетија Турција во април во најголем број, на второ место се Русите со раст во бројот на посетители од 34 отсто, а на трето место се Англичаните со раст од 31 отсто.“ - министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.



Слични вести