Раст од 2,1 отсто на индустриското производство во Турција во март 2019

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите од индексот на индустриското производство за месец март

1200932
Раст од 2,1 отсто на индустриското производство во Турција во март 2019

Индустриското производство на Турција во месец март, во споредба со претходниот месец оствари раст од 2,1 отсто.

Институцијата за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти резултатите од индексот на индустриското производство за месец март.

Според тоа, кога ќе се анализираат под-секторите на индустријата на сезонски и календарски прилагодената индустрија индексот на рударскиот и каменоломниот сектор во март во споредба со претходниот месец се зголеми за 4,1 отсто, а индексот на секторот на производствената индустрија за 2,2 отсто.

Индексот на рударскиот и каменоломниот сектор, и во месец март минатата година оствари раст од 2,2 отсто.

Кога ќе се анализираат индустриските групи, најголемиот раст во месец март споредено со претходниот месец (февруари) беше остварен во секторот на средната висока технологија со раст од 2,2 отсто.

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во соопштението кое што го објави преку социјалната мрежа Твитер истакна дека продолжува позитивниот тренд во индустриското производство.

Албајрак рече: „Особено со пакетот што ќе го соопштиме заедно со нашите приватни банки ќе обезбедиме голем придонес за рамнотежата.“



Слични вести