Пораст на надворешниот трговски суфицит на Русија во првиот квартал

Надворешниот трговски суфицит на Русија во првиот квартал се зголеми за 5,8 отсто

1200276
Пораст на надворешниот трговски суфицит на Русија во првиот квартал

Надворешниот трговски суфицит на Русија во првиот квартал се зголеми за 5,8 отсто во споредба со истиот период лани и изнесува 51,1 милијарда долари.

Според податоците на Руската Федерална царинска Служба (ФТС) годинашниов извоз на Русија во периодот јануари-март во споредба со истиот период лани се зголеми за 1,4 отсто и достигна 104,9 милијарди долари, додека увозот со пад од 2,4 отсто се намали на 53,8 милијарди долари.

Годинашниов вкупен трговски обем на Русија во периодот јануари-март во споредба со истиот период лани со раст од 0,1 отсто се зголеми на 158,6 милијарди долари. Надворешниот трговски суфицит во наведениот период со раст од 5,8 отсто се зголеми за 51,1 милијарда долари.

Учеството на Русија во својство на земја најголем извозник на нафта и природен гас во светот од аспект на уделот на горивото и енергетските производи во споредба со 2017 година од 65 се зголеми на 66,4 отсто.

Надворешниот трговски суфицит на Русија со раст од 62 отсто во 2018 година се зголеми на 211,6 милијарди долари. Лани Русија 87,9 отсто од извозот го оствари надвор од земјите членки на Заедницата на независни држави (ЗНД), додека 89 отсто од увозот ист така го оствари надвор од земјите членки на ЗНД.



Слични вести