Министерот Албајрак: За неколку месеци ќе се доживеат остри падови во инфлацијата во Турција

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак истакна дека за неколку месеци ќе се доживеат остри падови во инфлацијата во Турција

1199757
Министерот Албајрак: За неколку месеци ќе се доживеат остри падови во инфлацијата во Турција

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак во програмата на еден приватен телевизиски канал направи проценка на економскиот дневен ред.

Албајрак истакна дека за неколку месеци ќе се доживеат остри падови во инфлацијата во Турција.

Тој нагласи дека Турција на позитивен напчин гледа нанапред и со сигурни чекори напредува кон своите цели.

Министерот Албајрак воедно напомена дека се наближува кон нулата во тековната рамнотежа.

Правејќи проценка и на бранувањето на девизниот курс, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак рече. „Споредено со порано е помало негативното влијание на девизниот курс врз гараѓаните. Тоа го гледаме и во степенот на задолжување.“

Албајрак истакна дека повторувањето на изборите за градоначалник на Истанбул за што беше донесена одлука од страна на Високиот изборен совет (ЈСК) нема да влијае негативно на економијата.

Берат Албајрак исто така додаде дека во јуни ќе биде соопштен пакет за поддршка на секторот на производство и извоз.



Слични вести