Турција најголем извоз на лешници за 4 месеци во 2019 година оствари за Италија

На прво место во извозот на лешници од Турција во првите 4 месеци од 2019 година со заработени приходи од 148 милиони 997 илјади долари се најде Италија

1199196
Турција најголем извоз на лешници за 4 месеци во 2019 година оствари за Италија

Турција во првите 4 месеци од оваа година им продаде лешници на 105 земји, а пред се на Италија, Германија и Франција.

Според обезбедени податоци од Унијата на извозниците од источно црноморската област (DKİB),  во периодот јануари-април од оваа година од 93 илјади 437 тони лешници се заработени приходи во износ од 570 милиони 178 илјади 85 долари.

Извозот на лешници во наведениот период во споредба со истиот период минатата година од аспект на количината се зголеми за 4 отсто, а од аспект на износот се зголеми за 2 отсто.

На прво место во извозот на лешници од Турција во првите 4 месеци од 2019 година со заработени приходи од 148 милиони 997 илјади долари се најде Италија.

По оваа земја следуваат Германија во која е остварен извоз од 105 милиони 81 илјада 101 долар и Франција со 51 милион 368 илјади 290 долари.



Слични вести