Туристичкиот центар Анталија, светски лидер по бројот на добиени сини знамиња

Меѓународното жири за доделување на сино знаме ги соопшти наградите Сино знаме за 2019 година и според тоа во Турција оваа година ќе се веат сини знамиња на вкупно 463 плажи од кои 202 во Анталија која е и град со најголем број сини знамиња во светот

1198893
Туристичкиот центар Анталија, светски лидер по бројот на добиени сини знамиња

Анталија, едната од значајните туристички дестинации во светот и престолнината на турскиот туризам, бројот на своите плажи кои располагаат со сино знаме кое се доделува како меѓународна еколошка награда го зголеми на 202 и ја зачува титулата град кој располага со најмногу сини знамиња во Турција и светот.

Меѓународното жири за доделување на сино знаме ги соопшти наградите Сино знаме за 2019 година.

Според тоа, во Турција оваа година ќе се веат сини знамиња на вкупно 463 плажи од кои 202 во Анталија.

На база на градови, по Анталија која не го остава лидерството во Турција и светот, по бројот на добиени сини знамиња следуваат Мугла со 102, Измир 49 и Ајдин со 30 плажи.

Генералниот директор на Фондацијата за екологија и образование на Турција (ТУРЧЕВ) Мурат Јигитол истакна дека по Шпанија и Грција, Турција се наоѓа на третото место според бројот на плажите наградени со најмногу сини знамиња.

Јигитол рече дека според градови пак кои се наградени со најголем број сини знамиња Анталија се наоѓа на лидерската позиција и во Турција и во светот.

Велејќи дека се зголемува бројот на сини знамиња и во земјата, Мурат Јигитол напомена дека во Турција се наградени со сино знаме вкупно 463 плажи од кои 150 се народни плажи и 313 плажи на туристички постројки.



Слични вести