Светскиот економски форум инсистира претседателот Ердоган да учествува на 50. јубилеен Давос

Претседателот на Светскиот економски форум (WEF) Борге Бренд истакна дека Форумот му упатил срдечна покана претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за учество на наредниот јубилеен 50. Светски економски форум во Давос, во јануари наредната година

1196840
Светскиот економски форум инсистира претседателот Ердоган да учествува на 50. јубилеен Давос

Претседателот на Светскиот економски форум (WEF) Борге Бренде кој допатува за низа посети во Турција одговараше на прашањата на Новинската агенција АА (Anadolu Agency) при што истакна дека Форумот му упатил срдечна покана претседателот Реџеп Тајјип Ердоган за учество на наредниот јубилеен 50. Светски економски форум во Давос, кој ќе се одржи во јануари наредната година.

Бренде напомена дека во рамките на неговата посета на Анкара остварил значајни разговори на министерско ниво и рече: „На нашата средба со министерот за трезор и финансии Берат Албајрак дискутиравме за тоа како би можеле да ја зајакнеме соработката меѓу Светскиот економски форум и Турција. Постигнавме согласност околу тоа дека Светскиот економски форум ќе биде значаен. Особено е значаен сега во период кога Турција спроведува реформи за да ја зајакне конкурентноста на својата економија.“

Тој додаде дека во рамките на посетата имал средба и со министерката за трговија Рухсар Пекџан со која разговарале за значењето на соработката меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција, по прашањето на Царинската унија.

Говорејќи и за очекувањата во однос на учеството на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган Бренде на Самитот во Давос што ќе се одржи во јануари, наредната година, претседателот на Светскиот економски форум (WEF) Борге Бренде рече: „Претседателот Ердоган, апсолутно е поканет за јубилејниот 50. Светски економски форум во Давос, во јануари наредната година. Одлуката за тоа дали ќе учествува или нема да учествува му припаѓа на претседателот Ердоган, меѓутоа беше срдечно поканет на состанокот.“



Слични вести