Туркиш Ерлајнс има за цел бројот на патници оваа година да го зголеми на 90 милиони

Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) има за цел оваа година бројот на превезени патници да го зголеми на 90 милиони

1195039
Туркиш Ерлајнс има за цел бројот на патници оваа година да го зголеми на 90 милиони

Заменик генералниот директор на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) Абдулкерим Чај истакна дека Туркиш Ерлајнс моментално лета за 123 земји и 311 дестинации и дека се авиокомпанија која лета за најголем број дестинации во светот и од аспект на патници и од аспект на товарот (каргото).

Велејќи дека Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) е едниот од најдрагоцените брендови на Турција, Чај рече дека како авиокомпанија која се наоѓа на второ место во светот по прочуеноста како бренд во воздухопловството.

Абдулкерим Чај говореше за придонесот на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс кон економијата на земјата и објасни дека се авиокомпанија која обезбедува најголем извоз на услуга и дека располагаат со сериозен човечки ресурс.

Тој истакна дека минатата година воздухопловниот сектор со раст од 6 отсто достигна до бројка од 4,3 милијарди патници и дека оваа бројка оваа година се очекува да се зголеми на 4,6 милијарди патници.

"Кога ќе погледнеме кон Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) во 2018 година превезе 75 милиони патници. Оваа година нашата цел е приближно 90 милиони патници." - рече заменик генералниот директор Абдулкерим Чај.



Слични вести