Турција во првиот квартал од 2019 година оствари туристички приходи од околу 4,6 милијарди долари

Туристичките приходи во првиот квартал од годината споредено со истиот период минатата година со раст од 4,6 отсто достигнаа до 4 милијарди 629 милиони 679 илјади долари

1192654
Турција во првиот квартал од 2019 година оствари туристички приходи од околу 4,6 милијарди долари

Турција во првиот квартал од годината (2019) во според со истиот квартал минатата (2018) година со раст од 4,6 отсто оствари туристички приходи во висина од 4 милијарди 629 милиони 679 илјади долари.

Заводот за статистика на Турција (ТУИК) ги соопшти туристичките стратистики за периодот јануари-март оваа година.

Според тоа, туристичките приходи во првиот квартал од годината споредено со истиот период минатата година со раст од 4,6 отсто достигнаа до 4 милијарди 629 милиони 679 илјади долари. 80,3 отсто од овие туристички приходи се остварени од странските посетители, а 19,7 отсто од посетители од граѓаните кои живеат во странство.

4 милијарди 86 милиони 903 илјади долари од трошоците во наведениот период се состојат од индивидуални трошоци, а 542 милиони 776 илјади долари се состојат од трошоци од пакет аранжмани.

Посетителите просечно потрошиле по 697 долари по лице, странците просечно потрошиле по 678 долари, а просечните трошоци на граѓаните кои живеат во странство по лице изнесуваат по 765 долари.



Слични вести