Турција стана втора адреса на англиските туристи за одмор оваа година, по Шпанија

Според веста на информативен сервис „ББС“,  Англичаните најголемиот број резервации ги остваруваат во Шпанија, а на второ место е Турција

1191855
Турција стана втора адреса на англиските туристи за одмор оваа година, по Шпанија

„Томас Кук“, едната од најголемите авиокомпании и едниот од најголемите тур оператори во светот, со седиште во Англија, соопшти дека прва адреса за англиските туристи за одмор оваа година надвор од земјите на Европската унија (ЕУ), е Турција.

Според веста на информативен сервис „ББС“,  Англичаните најголемиот број резервации ги остваруваат во Шпанија, а на второ место е Турција.

На тој начин, Турција ја остави зад себе Грција, како членка на Европската унија (ЕУ). 

„Томас Кук“ соопшти дека оваа година 48 отсто од англиските туристи се усмерени кон земји надвор од Европа.

Шефот на тур операторот „Томас Кук“ Вил Вагот рече: „Турција, во редоследот на земји кои се избираат најмногу за одмор од страна на англиските туристи, ја остави зад себе Грција и се искачи на второто место. И Тунис исто така се трансформира себе си и брзо се искачува на горните места.“

На чело на земјите кои се избираат најмногу од страна на англиските туристи за одмор оваа лето (2019 година) се наоѓа Шпанија, а по неја веднаш на второ место е Турција, трета Грција, а потоа следуваат Соединетите Американски Држави (САД) и Кипар.

Од друга страна, одморалиштата Кушадаси и Дидим кај градот Ајдин, едните од најомилените туристички центри на Егејската област оваа година почнаа да ги израдуваат туристичките работници.

Во Дидим кој што од страна на туристичките работници се нарекува „мала Англија“ се остварени најинтензивните туристички резервации во последните 3 години и со тоа се зголемија и надежите кај туристичките работници за постигнување рекорд оваа година.



Слични вести