Раст на извозот од Егејот во Русија

Минатогодишниот извоз во истиот период во Русија изнесуваше 37 милиони 818 илјади долари

Раст на извозот од Егејот во Русија

Извозот од Егејот во Русија достигна 79 милиони 908 илјади долари.

Унијата на извозниците од Егејот со вкупен извоз од 3 милијарди 238 милиони долари во првиот квартал на годинава удрија силен белег во севкупниот извоз на Турција.

Со отворањето на пазарот на свежо овошје и зеленчук и повторната раздвиженост на рускиот пазар, годинашниов извоз во првите три месеци со раст од 111 отсто достигна 79 милиони 908 илјади долари.

Минатогодишниот извоз во истиот период во Русија изнесуваше 37 милиони 818 илјади долари.

Свежото овошје и зеленчук од Егејот во Русија со 15 милиони 409 илјади долари се најде на прво место на списокот на најмногу извезени производи.

Извозот на морските и животински производи со 12 милиони 805 илјади долари се најде на второ, додека со тутунот и тутунските производи со милиони 37 илјади долари на трето место.



Слични вести