Турција и Русија формираа заеднички инвестициски фонд во вредност од 900 милиони евра

Претседателот на Фондот за директни инвестиции на Русија Кирил Дмитриев истакна дека е формиран заеднички руско-турски инвестициски фонд во вредност од 900 милиони евра

Турција и Русија формираа заеднички инвестициски фонд во вредност од 900 милиони евра

Турција и Русија формираа заеднички инвестициски фонд (RTIF) во вредност од 900 милиони евра.

Овој инвестициски фонд во првата етапа ќе реализира инвестиција во износ од 200 милиони евра.

Страните почнаа да развиваат заеднички проекти, фокусирајќи се притоа на приоритетни сектори и во двете земји, како што се технологијата, здравството и инфраструктурата. 

Претседателот на Фондот за директни инвестиции на Русија Кирил Дмитриев истакна дека е формиран заеднички руско-турски инвестициски фонд во вредност од 900 милиони евра.

Во дадената изјава за новинарите, Кирил Дмитриев рече: „Долго време работевме на фондот и во тие рамки беа остварени безброј разговори и на крајот е формиран. Вкупниот обем на фондот изнесува 900 милиони евра.“ 

Дмитриев напомена дека фондот е од исклучително значење за интензивирањето на инвестициите помеѓу двете страни.

Според објавеното соопштение од Фондот на Ресурси на Турција (TVF) пак, одлуката за формирање на заедничкиот руско-турски инвестициски фонд беше потпишана за време на вчерашната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Русија.

 

 



Слични вести