Министерката за трговија Пекџан ќе отпатува во посета на Русија

Главна тема на средбите ќе бидат можностите за унапредување и развој на економската соработка во трговијата и инвестициите и другите полиња

1175704
Министерката за трговија Пекџан ќе отпатува во посета на Русија

Министерката за трговија Рухсар Пекџан утре ќе отпатува во работна посета на Русија.

Министерката Пекџан ќе отпатува за Русија пред претстојната средба на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин планирана во рамките на состанокот на Турско-рускиот висок совет за соработка планирана за 8 април во Москва.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за трговија беше истакнато дека министерката Пекџан ќе оствари билатерални средби со рускиот министер за енергетика и копретседател на Мешовитата комисијата за економски развој Александр Новак и министерот за економски развој Максим Орешкин.

Министерката Пекџан која истовремено е копретседател на Турско-руската мешовита комисија за економски развој, во рамките на посетата освен можностите за унапредување и развој на соработката во сферата на трговијата и инвестициите, ќе размени и мислења за можностите за зголемување на обемот на меѓусебната соработка во сферата на енергијата, транспортот, трговија со домашна валута, земјоделството, царините и туризмот.

На средбите ќе бидат разменети мислења и во врска со претстојната конференција на 16-от период на Турско-руската мешовита комисија за економска соработка која се планира да се одржи во Турција и Саемот за индустрија ИННОПРОМ кој се планира да се одржи од 8 до 11 јули, а на кој Турција ќе учествува во својство на партнерска земја.

По средбите министерката Пекџан истиот ден навечер се очекува да се врати во земјава.



Слични вести