Фолксваген обнови над 300 илјади дизел возила

На клиентите кои што ги вратија автомобилите кои поседуваат стандарден систем на емисија на гасови Еуро5 или полош стандард, им беа вратени стимулациите

Фолксваген обнови над 300 илјади дизел возила

Германскиот автомобилски магнат Фолксваген врати над 300 илјади автомобили од поранешните со стариот дизел стандард и го промени со нови.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Фолксваген беше истакнато дека од август 2017 наваму, над 300 илјади автомобили кои располагаа со стандардниот систем на емисија на издувни гасови Еуро-5 ги зеде назад од клиентите и ги замени со нови модели Еуро6.

На клиентите кои што ги вратија автомобилите кои поседуваат стандарден систем на емисија на издувни гасови Еуро5 или полош стандард, им беа вратени стимулациите, а новите стимулации им беа доделени согласно моделот којшто го избраа.

Фолксваген за клиентите коишто старите автомобили ги враќаат и ги заменуваат со нови модели спроведува стимулативни пакети за ефикасност и за возврат на стариот автомобил доделува стимулативни пакети од 500 до 7 илјади евра.

Имплементацијата на стимулативниот пакет ќе заврши на 30 април 2019.

Американската Агенција за заштита на животната средина во септември 2015 година соопшти дека компанијата Фолксваген манипулира со податоците на тестовите за емисија и дека дизел автомобилите на компанијата 40 пати повеќе го загадуваат воздухот од нормалното ниво.

Групата Фолксваген која во своите рамки ги опфаќа Фолксваген, Ауди, Порше, Бентли, ламборџини, Сеат, Шкода, Бугати, Сканиа и Ман, подолг период беше мета на скандалот со дизел емисијата, поради што на американските и германските власти им платија големи суми парични казни и беше принудена да врати илјадници автомобили.

Компанијата Фолксваген на крајот беше принудена да ги прифати обвинувањата за употреба на лажни софтвери за тест емисијата на издувните гасови на над 11 милиони дизел возила во светот, поради што од страна на американскиот суд беше осудена да плати високи казни.

Во врска со прашањето јавното обвинителство на Брауншвајг во Германија започна истрага против компанијата.



Слични вести