Казна од ЕУ за Фич

На Агенцијата за кредитен рејтинг Фич поради прекршување на регулативите на ЕУ и беше изречена парична казна во износ од 5,13 милиони евра

Казна од ЕУ за Фич

Европскиот орган за хартии од вредност и пазари (ЕСМА) на ЕУ на Агенцијата за кредитен рејтинг Фич и изрече казна од 5,13 милиони евра.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Регулаторната установа на пазарот на капиталот (ЕСМА) на ЕУ беше истакнато дека на Агенцијата за кредитен рејтинг Фич поради прекршување на регулативите на ЕУ и беше изречена парична казна во износ од 5,13 милиони евра.

Во соопштението беше истакнато дека казната беше изречена поради тоа што агенцијата Фич во периодот од јуни 2013 до април 2018 година ги прекрши правилата за спречување на судирот на интереси со учеството во Британија, Франција и Шпанија.

ЕСМА и во 2016 година на Агенцијата Фич и изрече парична казна во износ од 1,37 милиони евра поради непочитување и непридржување кон регулативите.

Европскиот орган за хартии од вредност и пазари (ЕСМА) на сличен во 2017 година и на Агенцијата за кредитен рејтинг  Мудис и изрече казна од 1,24 милиони евра.



Слични вести