Русија бара ослободување од оданочување на бродовите за изградба на Турски тек и Северен тек 2

Според предлогот, бродовите кои што се увезуваат за изградба на гасоводните проекти Турски тек и Северен тек 2 ќе бидат ослободени од царинска такса и данок.

Русија бара ослободување од оданочување на бродовите за изградба на Турски тек и Северен тек 2

Руското министерство за енергија подготви предлог кој што содржи ослободување од царинска такса и данок на бродовите кои што се увезуваат за гасоводните проекти Турски тек и Северен тек 2.

Според предлогот, бродовите кои што се увезуваат за изградба на гасоводните проекти Турски тек и Северен тек 2 ќе бидат ослободени од царинска такса и данок.

Гасоводот Турски тек преку кој рускиот природен гас ќе се испорачува за Турција и Европа, ќе се состои од две линии (траси) секоја со капацитет за пренос на годишно по 15,75 милијарди кубни метри.

Со посредство на гасоводниот проект Северен тек 2 пак, чија изградба се очекува да чини околу 10 милијарди евра, се планира годишно 55 милијарди кубни метри руски гас преку Балтичкото Море да се испорачуваат за Германија.



Слични вести