Генералниот директор на Сан Експрес Бишоф: Истанбулскиот аеродром претставува извонреден проект

Генералниот директор на Авиокомпанијата Сан Експрес Јенс Бишоф истакна дека Истанбулскиот Аеродром ќе биде модерен и продуктивен и ја изнесе следната констатација: „Учествував на неговото отворање. (Истанбулскиот аеродром) Тоа е извонреден проект.“

Генералниот директор на Сан Експрес Бишоф: Истанбулскиот аеродром претставува извонреден проект

Генералниот директор на Авиокомпанијата Сан Експрес Јенс Бишоф во интервју за германскиот весник „Велт ам Сонтаг“ истакна дека се согледува оти изградбата на инфраструктурата на воздушниот соображај во Турција обезбедува придонес за значаен развој на економијата.

Бишоф рече дека Истанбулскиот аеродром претставува извонреден проект.

Велејќи дека Истанбулскиот Аеродром ќе биде модерен и продуктивен, Бишоф ја изнесе следната констатација: „Учествував на неговото отворање. (Истанбулскиот аеродром) Тоа е извонреден проект.“

Бишоф напомена дека Сан Експрес, како заеднички авиопревозник на Турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш Ерлајнс) и германската авиокомпанија Луфтханза, го сочинува вистинскиот пример за тоа како би можелло успешно да функционира турско-германското партнерство кое што продолжува долго време.

„Турција е пазар во подем.“ - рече генералниот директор на Авиокомпанијата Сан Експрес Јенс Бишоф.

Потсетувајќи дека Сан Експрес во 2017 и 2018 година реализира двоцифрен раст, Бишоф изјави: „Го постигнавме најдобриот резултат во историјата на компанијата. Тоа го планираме и за 2019 година.“

Јенс Бишоф додаде дека Сан Експрес од 36 градови во Европа лета за 18 дестинации во Турција.



Слични вести