Заработката од турскиот чај изнесува 1,6 милиони долари

На прво место на списокот на земјите во кои беше остварена најголема количина извоз на чај се наоѓа Германија со 363 илјади 109 илјади долари

1168647
Заработката од турскиот чај изнесува 1,6 милиони долари

Турција во периодот јануари-февруари оствари извоз на чај во 59 земји во светот и приходи од 1 милион 674 илјади 434 долари.

Според евиденцијата на Унијата на извозниците од Источното Црно Море, Турција во првите два месеци оствари извоз на чај во износ од 666 тони.

Истиот период минатата година Турција оствари извоз од 416 тони и приходи од 1 милион 208 илјади 231 долари.

На тој начин количината на извозот на чај во споредба со минатата година се зголеми за 60 отсто, додека од аспект на вредноста за 39 отсто.

На прво место на списокот на земјите во кои беше остварена најголема количина извоз на чај се наоѓа Германија со 363 илјади 109 илјади долари, на второ Белгија со 239 илјади 71 долар, на трето Франција со 225 илјади 543 долари.

Постепено расте и разновидноста на чајот којшто се извезува.

Турција во првите два месеци оствари извоз на чај во 59 земји во светот.



Слични вести