Руските туристи најмногу истражувале на интернет за одмор во Турција

Руските туристи местата за одмор во Турција ги истражувале 1 милион 242 илјади пати, додека заинтересираноста за Египет како најблизок конкурент на Турција била за три пати помала

Руските туристи најмногу истражувале на интернет за одмор во Турција

Руските корисници на интернет во  јануари и февруари оваа (2019) година на интернет најмногу истражувале за одмор во Турција.

Руската унијја на тур оператори (АТОР) ги соопшти дестинациите за одмор кои што  биле најмногу истражувани од страна на Русите во периодот јануари-февруари годинава преку пребарувачот Yandex.

Според тоа, руските туристи местата за одмор во Турција ги истражувале 1 милион 242 илјади пати, додека заинтересираноста на руските туристи за Египет како најблизок конкурент на Турција, била за три пати помала.

Во наведениот период јануари-февруари дестинациите за одмор во Египет биле истражувани, т.ј пребарувани 400 илјади пати, а на трето место се наоѓа Тајланд.

Освен тоа се истакнува дека Русите во своите истражувања на интернет за летните аранжмани најмногу заинтересираност покажале за аранжманот ол-инклузив т.ј. "сѐ е вклучено".

Турција која минатата (2018) година собори рекорд според бројот на туристите од Русија, оваа година има за цел да пречека околу 6 милиони руски туристи. 

 



Слични вести