Годишниот промет на цивилното воздухопловство во Турција достигна до 110 милијарди турски лири

Годишниот промет на секторот на цивилното воздухопловство во Турција заклучно со крајот на 2018 година достигна до 110 милијарди турски лири (приближно 20 милиони 200 илјади долари)

1161809
Годишниот промет на цивилното воздухопловство во Турција достигна до 110 милијарди турски лири

Годишниот промет на секторот на цивилното воздухопловство во Турција кој што во 2003 година изнесуваше 3 милијарди турски лири (приближно 550 илјади долари), заклучно со крајот на минатата (2018) година достигна до 110 милијарди турски лири (приближно 20 милиони 200 илјади долари). 

Според годишниот извештај на Генералната дирекција за цивилно воздухопловство (СХГМ), Турција како земја со географска местоположба од каде со 4 часовно патување со авион може да се достигне до 1,5 милијарди луѓе, е земја која се наоѓа во регион со најголем раст на побарувачка за воздушен превоз во светот.

Во Турција каде што како резултат на нејзиниот економски развој, технологата која што бележи напредок и зголемената конкуренција се остварува интензивен развој во воздушниот сообраќај, е реализиран раст над просекот во воздухопловството во светот.

Годишниот промет на секторот на цивилното воздухопловство во Турција кој што во 2003 година изнесуваше 3 милијарди турски лири (приближно 550 илјади долари), заклучно со крајот на минатата (2018) година достигна до 110 милијарди турски лири (приближно 20 милиони 200 илјади долари).

На тој начин, бројот на авиони на авиокомпаниите во Турција како 10'та земја во светот, а 4'та во Европа по бројот на авиопатници, се зголеми за 218 посто, капацитетот на седишта за 253 посто и карго капацитетот за 625 посто. Бројот на дестинации на кои што се лета внатре во земјата и во странство достигна до 374.

Во рамките на компаниите за цивилно воздухопловство во Турција во 203 година имаше вкупно 626 воздушни летала, додека заклучно со крајот на минатата (2018) година оваа бројка е зголемена на 1.404.

Исто така и бројот на вработени во секторот на цивилното воздухопловствоод 65 илјади лица, заклучно со 2018 година достигна до 205 илјади лица.

 

 



Слични вести