Турција со највисок извоз во месец февруари 2019 година, во својата историја
Извозот на Турција во месец февруари со раст од 3,7 отсто изнесува 14 милијарди 312 милиони долари, а увозот во пад од 18,7 отсто се намали на 16 милијарди 161 милион долари
1156510

Турција продолжува да соборува рекорди во извозот.
Извозот на Турција во месец февруари со раст од 3,7 отсто изнесува 14 милијарди 312 милиони долари.
Министерката за трговија Рухсар Пекџан правејќи проценка на податоците на надворешната трговија рече: „И покрај сите проблеми кои што се доживуваат во глобалната трговија ја соопштивме најголемата бројка во историјата на Турција во остварениот извоз во месец фавруари 2019 година.“
Велејќи дека увозот во месец фавруари со пад од 18,7 отсто се намали на 16 милијарди 161 милион долари, министерката Пекџан рече: „На тој начин во првите два месеци од 2019 година нашиот извоз постигна раст од 5 отсто, а нашиот увоз е намален за 23,1 отсто.“