Раст од 20 отсто во раните резервации на странските туристи за одмор во Бодрум оваа година

Со секоја година се зголемува заинтересираноста кон познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла, каде што оваа година постои раст од 20 отсто во раните резервации на странските туристи

1152892
Раст од 20 отсто во раните резервации на странските туристи за одмор во Бодрум оваа година

Бројот на раните резервации од страна на странските туристи за поминување на својот одмор оваа сезона во познатото туристичко одморалиште, рајското катче за одмор на Турција, кај градот Мугла, во споредба со минатата сезона, оствари раст од 20 отсто.

Со секоја година се зголемува заинтересираноста кон познатото туристичко одморалиште Бодрум кај градот Мугла, кое со своето историско ткиво и природните убавини, со своите карактеристични куќи обоени во бела боја и со сини врати и прозорци, се наоѓа меѓу водечките туристички центри на Турција и во светот.

Претседателот на Извршниот совет на Бодрум на Унијата на туристичките агенции на Турција (ТУРСАБ) Јуксел Аслан во дадената изјава за новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency-AA) истакна дека оваа година станува збор за голем раст во раните резервации во Бодрум од аспект на странските туристи.

Нагласувајќи дека постои мошне голем раст на англискиот пазар, Аслан рече: „Германија, Холандија, Белгија се земји во кои постои подем. Освен тоа, во споредба со минатите години постои раст и во земји како што се Русија и Украина. Почнувајќи од 25 март во населеното место почнаа да доаѓаат странски туристи. Раздвиженоста на авионите почнувајќи од првата недела на април ќе се зголеми многу повеќе во споредба со изминатите години.“

Јуксел Аслан додаде дека капацитетот на легла на Бодрум, кој што претставува бренд со своето име во туризмот, е во состојба да може да одговори на побарувачката на туристите кои ќе допатуваат за одмор, оваа година.



Слични вести