Утре во азербејџанскиот главен град Баку ќе се одржи состанок за проектот „Јужен гасен коридор“

Министрите и високите функционери на земјите вклучени во проектот „Јужен гасен коридор“ на утрешниот Петти министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор ќе дискутираат за последната состојба до која е дојдено во проектот

1148284
Утре во азербејџанскиот главен град Баку ќе се одржи состанок за проектот „Јужен гасен коридор“

Утре во главниот град на Азербејџан, Баку ќе се одржи состанок на функционерите на земјите учесници во проектот „Јужен гасен коридор“ преку кој азербејџанскиот природен гас ќе се транспортира за Европа.

Министрите и високите функционери на земјите вклучени во проектот кој што се состои од гасното поле Шах Дениз 2, гасоводот Јужен Кавказ (СЦП), Трансанадолскиот гасовод (ТАНАП) и Трансјадранскиот гасовод (ТАП), на утрешниот Петти министерски состанок на Советодавниот совет на Јужниот гасен коридор ќе дискутираат за последната состојба до која е дојдено во проектот.

На состанокот на чие отворање ќе се обрати азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ќе учествуваат функционери од Европската унија (ЕУ), САД, Грузија, Бугарија, Италија, Црна Гора, Албанија, Хрватска, Грција, Србија, Сан Марино, Романија, Туркменистан, Босна и Херцеговина и Унгарија.

На овој состанок се очекува Турција да ја претставува министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез. 

Ќе учествуваат и претставници на енергетски компании како „British Petroleum“, „Snam“, „LNG Croatia“, „Plinacro“, „İCGB AD“, „Transgaz“ и „Fluxys“, а се очекува учество и на функционери на Азиската банка за развој, Европската банка за изградба и развој, Европската инвестициона банка и Светската банка.

На состанокот, ќе бидат доставени извештаи во врска со точката до која е дојдено до денеска во проектот Јужен гасен коридор и ќе се преговара за прашања за финансирање на проектот и проширување на коридорот. 

 



Слични вести