Во Кушадаси пристигна првиот брод за крстарење во туристичката сезона во 2019 година

Бродот крстосувач „Black Watch“ кој плови под знамето на Бахамите и со своите 550 патници од кои повеќето Англичани планира да посети 22 земји и 35 пристаништа, денеска во утринските часови пристигна во пристаништето Еге Порт во Кушадаси

1147367
Во Кушадаси пристигна првиот брод за крстарење во туристичката сезона во 2019 година

Во населеното место, познатото туристичко одморалиште Кушадаси, на егејските кајбрежја на нашата земја, кај градот Ајдин, пристигна првиот брод за крстарење, во туристичката сезона во 2019 година.

Бродот крстосувач „Black Watch“ кој плови под знамето на Бахамите и во склопот на светската турнеја на која што отплови од англиското пристаниште Соутхамптон, со своите 550 патници планира да посети 22 земји и 35 пристаништа, денеска во утринските часови пристигна во пристаништето Еге Порт во Кушадаси.

Патниците кои слегоа од бродот од кои повеќето Англичани во рамките на нивната посета на Кушадаси ги посетија античкиот град Ефес кај Селчук, куќата на Богородица, Дидим, Милет и други локалитети во подрачјето.

Генералниот директор на претпријатието за стопанисување со пристаништето Еге Порт во Кушадаси Азиз Ѓунѓор истакна дека бродот крстосувач „Black Watch“ кој што тргнал на 107 дневна светска турнеја и рече: „Со своите 550 патници од кои повеќето Англичани и со екипажот од 372 лица утрово пристигна во нашето пристаниште. Бродот ќе остане во нашето пристаниште до 20:00 часот вечер, а потоа ќе отплови за италијанското пристаниште во Наполи.“

Велејќи дека се оптимисти од сезоната во 2019 година од туризмот со бродови за крстарење, Ѓунѓор рече: „Од аспект на пристаништетот на Кушадаси очекуваме сериозен раст. Во споредба со минатата година ќе има раст од 50 отсто. Во Кушадаси ќе пристигнат 35 големи американски бродови за крстарење.“



Слични вести