Промоција на свежото овошје и зеленчук во Германија

На годинашниов најголем саем на свежо овошје и зеленчук што се одржа од 6 до 8 февруари учествуваа над 3300 учесници од 92 земји

1143645
Промоција на свежото овошје и зеленчук во Германија

Традиционалните земјоделски плодови на Егејската област како што се црешата, смоквата, цитрусот, агрумите беа промовирани на саемот Фруит Логистика во Германија.

Претседателот на Унијата на извозниците на свежо овошје и зеленчук на Егејската област Хајретин Учак во изјавата за печатот рече дека турските специјалитети на Саемот Фруит Логистика наидоа на големо интересирање.

На годинашниов најголем саем на свежо овошје и зеленчук што се одржа од 6 до 8 февруари учествуваа над 3300 учесници од 92 земји. На штандот на Унијата на извозниците на свежо овошје и зеленчук од Егејската област во текот на целиот саем беа изложени цреши, грозје, цитруси, агруми, калинки, костени, смокви и домати рече Учак потенцирајќи дека посетителите освен тоа што имаа можност да ги видат напите производи исти така имаа можност и да ги пробаат.

Во 2018 година од Егејската област во Германија остваривме извоз на свежо овошје и зеленчук во износ од 150 милиони долари. Непрекинато ќе продолжиме со активностите за промоција на нашите производи во Европа и другите пазари. Целта од 1 милијарда 50 милиони долари во 2019 година ќе ја постигнеме благодарение на промотивните активности. Многу не усреќи големото интересирање што го покажаа посетителите на производите на нашите штандови, рече Учак.



Слични вести