Турција го зголеми извозот на чевли во Русија за 78 насто

Извозот на кожа и кожни производи на Турција во 2018 година изнесуваше 1,6 милијарда долари

1137226
Турција го зголеми извозот на чевли во Русија за 78 насто

Извозот на чевли од Турција во Русија во 2018 година во споредба со претходната година се зголеми за 78 отсто и изнесуваше 132 милиони долари.

Според податоците кои беа објавени од страна на Собранието на извозниците на Турција (ТИМ), извозот на кожа и кожни производи на Турција во 2018 година изнесуваше 1,6 милијарда долари.

Најголем удел во секторот имаат чевлите чиј извоз во 2017 година изнесуваше 768 милиони долари, додека со пораст од 15 насто во 2018 година, оваа бројка се зголеми на 888 милиони долари.

Русија се наоѓа на прво место од аспект на земјите во кои беше постигнат најголем извоз на чевли.

Извозот на чевли од Турција во Русија во 2017 година изнесуваше 74 милиони долари, додека со пораст од 78 отсто, оваа бројка во 2018 година се зголеми на 132 милиони долари.

По Русија, со 83 милиони долари следува Ирак, додека со 61 милион долари Германија се наоѓа на трето место.



Слични вести