Милер: Заврши изградбата на 20 отсто од делот од гасоводот Северен тек 2, кој што поминува под морето

Претседателот на „Газпром“ Сергеј Милер изјави за новинарите дека градбените работи во врска со проектот се одвиваат според календарот и рече: „Завршена е изградбата на 20 отсто од делот од Северен тек 2, под морето“

1130417
Милер: Заврши изградбата на 20 отсто од делот од гасоводот Северен тек 2, кој што поминува под морето

Претседателот на руската енергетска компанија „Газпром“ Сергеј Милер истакна дека заврши изградбата на 20 отсто од делот од проектот Северен тек 2 кој што поминува под морето, со кој се планира рускиот природен гас да се испорачува за Германија.

Милер изјави за новинарите дека градбените работи во врска со проектот се одвиваат според календарот и рече: „Завршена е изградбата на 20 отсто од делот од Северен тек 2, под морето.“

Инаку, со посредство на проектот Северен тек 2 чија изградба се очекува да чини околу 10 милијарди евра, се планира годишно по 55 милијарди кубни метри руски гас преку Балтичкото Море да се испорачуваат за Германија. 

Меѓу партнерите на проектот на кој што пак се противат САД, Украина, Полска и Балтичките земји, освен руската енергетска компанија Газпром се наоѓаат и гигантските западни компании како Шел (Shell), ОМВ (OMV), Енџи (Engie), Унипер (Uniper) и Винтершел (Wintershall).

Руската енергетска компанија „Газпром“ минатата година за Европа извезе 194,4 милијарди кубни метри приорден гас и приближно 30 отсто од оваа количина гас беа испорачани преку Украина.



Слични вести