Во 2018 година Турција оствари извоз во Русија во износ од 3 милијарди 453 милиони долари

Турција во 2018 година реализира извоз во Русија во висина од 3 милијарди 453 милиони долари и тоа во сектори како што се свежо овошје и свеж зеленчук, автомобилската индустрија,хемиски супстанции и производи и други производи

1126793
Во 2018 година Турција оствари извоз во Русија во износ од 3 милијарди 453 милиони долари

Во 2018 година од Турција во Русија е реализиран извоз во износ од 3 милијарди 453 милиони долари.

Минатата (2018) година за оваа земја беа извезени 1 милион 30 илјади тони свежо овошје и свеж зеленчук од што беа обезбедени приходи во износ од 659 милиони 526 илјади долари.

Автомобилската индустрија како сектор кој што минатата година реализира втор по големина извоз од Турција во Русија оствари извоз од 453 милиони 572 илјади долари, а трет сектор со реализиран извоз од 377 милиони 10 илјади долари е секторот на хемиски супстанции и производи.

Од друга страна, и од источно црноморската област за Русија минатата (2018) година беа извезени 1 милион 342 илјади тони производи во износ од 1 милијарда 563 милиони 562 илјади долари. Исто така и од Трабзон за Русија од 548 илјади 896 тони извоз беа обезбедени приходи во износ од 951 милион 505 илјади 265 долари.

39 отсто од реализираниот извоз во Русија се состои од свежо овошје и свеж зеленчук.



Слични вести