Автомобилскиот сектор на Турција во 2018 година собори рекорд во историјата на Републиката

Автомобилскиот сектор на Турција во 2018 година оствари извоз во висина од 31,6 милијарди долари што претставува рекорд во историјата на Републиката

1120220
Автомобилскиот сектор на Турција во 2018 година собори рекорд во историјата на Републиката

Турскиот автомобилски сектор минатата (2018) година со остварен извоз во висина од 31,6 милијарди долари собори рекорд во историјата на Републиката.

Оваа бројка во извозот во 201у година изнесуваше 28 милијарди 527 милиони 976 илјади долари. Тоа пак укажа на пораст од 10,7 отсто на извозот  во автомобилскиот сектор во 2018 година во споредба со претходната 2017 година.

Износот во извозот во секторот кој што во 2018 година достигна до приближно 32 милијарди долари е регистриран како највисок остварен извоз на сите времиња. Освен тоа секторот, зазеде дел од 18,8 отсто од остварениот извоз на Турција во 2018 година во висина од 168 милијарди 88 милиони долари.

Извозот на автомобилскиот сектор во европските земји во 2018 година во споредба со претходната 2017 година оствари раст од  11,5 отсто и се зголеми на 25 милијарди 138 милиони 204 илјади долари.

На тој начин 79,6 отсто од извозот на секторот минатата (2018) година во вкупен износ од 31,6 отсто е остварен во европските земји. Тоа пак значи дека 4 од секои 5 извезени производи на автомобилската индустрија е реализиран во европските земји.

 



Слични вести