Следна цел на Турција во туризмот е да се дочекат 40 милиони странски туристи

Во периодот од 11 месеци во 2018 година во Турција дојдоа над 37,5 милиони странски туристи, додека последна поставена цел во туризмот е да се дочекат 40 милиони странски посетители

1119895
Следна цел на Турција во туризмот е да се дочекат 40 милиони странски туристи

Турција 2018 година ја заврши со постигнат голем успех во туристичкиот сектор.

Откако туристичката сезона во 2018 година започна успешно Министерството за култура и туризам во текот на годината два пати ја ревидираше целта во туризмот. 

Според тоа, последната поставена цел во туризмот е да се дочекат 40 милиони странски посетители.

Компонентите на туристичкиот сектор работеа во текот на целата (2018) година за постигнување на оваа цел.

Според последните податоци на Министерството за култура и туризам, во периодот од 11 месеци во 2018 година во споредба со истиот период од 11 месеци претходната (2017) година со остварен раст од 22 отсто во Турција дојдоа над 37,5 милиони странски туристи.

Во периодот јануари-ноември во 2018 година (за 11 месеци) во споредба со истиот единаесет месечен период претходната (2017) година во бројот на посетители од главните пазари во Европа, од Германија е остварен раст од 25,56 отсто (дојдоа 4 милиони 334 илјади 67 лица), од Англија раст од 36,45 отсто (дојдоа 2 милиони 212 илјади 40 лица), од Холандија раст од 27,30 отсто (дојдоа 980 илјади 555 лица) и од Франција раст од 26,75 отсто (дојдоа 691 илјада 671 лице). 

На прво место пак се наоѓа Русија од каде за 11 месеци во 2018 година (јануари-ноември) бројот на посетители кои допатуваа во Турција со раст од 26,22 отсто ја надмина бројката од 5 милиони 800 илјади лица.

Во 2019 година особено на пазарот во Англија се очекува да биде остварен раст од најмалку 25 отсто. 

Во последните години се доживува голем раст и во бројот на туристите кои доаѓаат од земји како што се Иран, Грција, Бугарија, Украина, Кина, Јужна Кореја, Индија и Јапонија.

 



Слични вести