Русија го зголемува увозот на домати од Турција од 50 илјади на 100 илјади тони

Во објавеното соопштение од министерството се истакнува дека е подготвен нацрт-закон за зголемување на квотата на увозот на доматите од Турција од 50 илјади тони на 100 илјади тони

1115938
Русија го зголемува увозот на домати од Турција од 50 илјади на 100 илјади тони

Руското министерство за земјоделство подготви нацрт-закон за зголемување на квотата на увозот на доматите од Турција на 100 илјади тони.

Во објавеното соопштение од министерството се истакнува дека е подготвен нацрт-закон за зголемување на квотата на увозот на доматите од Турција од 50 илјади тони на 100 илјади тони.

Русија, по прекинот на увозот на домати од Турција во ноември 2015 година, минатата година во ноември повторно започна да увезува домати од Турција со квота од вкупно 50 илјади тони.



Слични вести